Wed. Mar 11th, 2026

Судијата Ристов останува во куќен притвор, истрагата е во напредна фаза – велат од Обвинителството!

Истрагата за апелацискиот судија Ѓоко Ристов е во напредна фаза, а обезбедени се и нови докази поврзани со сумата од 350 илјади евра кои истражителите ги најдоа во семејниот дом на судијата – вкопани во ѕид. Ова за МТВ го потврдуваат од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција од каде велат дека се вршат финансиски проверки на имотот на Ристов, кој засега е единствениот осомничен во случајот.

„Истражните дејствија во предметот за кој покажувате интерес се во тек, во напредна фаза. Паралелно се врши и детална финансиска истрага во однос на имотот на осомничениот. Во овој момент Обвинителството располага со докази што даваат основано сомнение за потеклото на пронајдените пари. Истрагата за сега не е проширена, а доколку се обезбедат докази за потенцијална инволвираност на други лица јавноста ќе биде навремено информирана“, велат од ОЈО ГОКК.

Одбраната вели – до сега не извршиле увид во доказите, но имаат документи со кои се потврдува потеклото на парите.

Претходно беше уапсен адвокат кој рече дека требало да подмити судија за да укине притвор на негов клиент.

Судијата е осомничен за противправно стекнување и прикривање имот, и во моментов издржува мерка куќен притвор. Од Обвинителството велат дека засега не планираат да ја ублажат оваа мерка, бидејќи сè уште постојат ризиците поради кои му е определена.

Related Post