Wed. Mar 11th, 2026

СРАМНА СЦЕНА: Видео откри што правеле полицајци среде поле!

Двајца кипарски полицајци се соочуваат со суспензија и истрага, откако видео од нивен интимен однос во службено возило во Ларнака стана вирално и предизвика бура реакции. Инцидентот се случил  среде поле и во видик на минувачи.

Кипарската полиција потврди дека се преземаат кривични и дисциплински мерки: „На прв поглед, видеото изгледа автентично и затоа се покренува постапка за сериозни прекршоци. Ваквото однесување е неприфатливо и ја нарушува честа на полицијата“, се вели во официјалното соопштение.

Според локални извори, полицајците биле во вонбрачна врска, а и двајцата се во брак. Полицајката наводно е мајка на неколку деца. Видеото било снимено од случаен минувач кој ги забележал во моментот кога биле на должност.

Службата најави целосна истрага и предупреди дека ќе има нулта толеранција за вакви случаи.

Related Post