Wed. Mar 11th, 2026

Најбруталното убиство во регионот: Жена го убила својот сопруг, па ги зготвила неговите делови од тело – судот донесе конечна одлука

Апелацискиот суд во Нови Сад правосилно на Тереа П. ѝ изрече мерка за безбедност – задолжително психијатриско лекување и чување во Специјалната затворска болница во Белград, поради тоа што на 10 мај 2022 година, во семејната куќа во Зренјанин, со нож го усмртила својот сопруг Срѓан П., потоа отстранила делови од неговото тело и ги варела во лонец.

Второстепениот суд ја одби жалбата на обвинетата и го потврди решението на Вишиот суд во Зренјанин, со кое ѝ беше изречена наведената мерка.

Ваквата одлука е донесена поради непредвидливоста на обвинетата. Психијатриското вештачење покажало дека во моментот на извршување на кривичното дело, нејзината способност да го сфати значењето на делото и да управува со своите постапки била исклучена, поради хронична и трајна душевна болест – форма на шизофренија со прогресивен тек.

Судот, по предлог на здравствената установа, органот за старателство или по службена должност, на секои девет месеци ќе проверува дали и понатаму постои потреба од лекување и чување во установата.

Според пресудата, Тереа П. во денот на убиства го избодела сопругот со нож, потоа со електрична тестера и нож отстранила делови од неговото тело. Дел од телото ставила во торба, а дел во голем казан, го прелила со вода и го варела на шпорет.

Related Post