Thu. Mar 12th, 2026

ПОЧИВАЈ ВО МИР: Македонија се опростува од младото момче што трагично го загуби животот на работа!

Македонија се опростува од младото момче Ердоган Асанов
(23), вработен во компанијата „Феромонт“ од Велес, кое трагично го загуби животот на своето работно место.

МВР информира дека на 19.02.2026 во 15:00 часот било пријавено дека во индустриска зона на општина Петровец, при изведување на работни задачи на објект во изградба на фабрика, метален профил паднал врз Е.А., кој од здобиените повреди починал на лице место.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а телото е дадено на обдукција по насока на јавен обвинител.

Случајот се расветлува, а надлежните институции треба да утврдат дали биле почитувани сите безбедносни протоколи при работа.

Related Post